Пилинг со шеќер и уште 12 домашни третмани што ќе ја намалат видливоста на стриите
Стриите се сосема нормална појава и речиси и да не постои жена која ги нема. Без разлика дали поради бременост, нагла промена на тежината или нешто друго, скоро секоја жена ќе се соочи со стрии барем еднаш во животот. Наводно, не постои „лек“ за оваа појава, но денес има третмани кои можат да ви помогнат да ја намалите видливоста на стриите. Уште подобро е што некои третмани можете да ги правите и сами. Најевтиниот и наједноставниот третман против стрии е пилингот со шеќер. Шеќерот може да ги отстрани мртвите клетки од кожата и да ја подобри нејзината состојба. Истовремено, пилингот со шеќер може да ѝ помогне на кожата подобро да ги впие кремовите што ги користите…