Скопје ноќе низ објективот на Владислав Гавриловски – одлично „хајперлапс“ видео направено од илјадници фотографии



Тајмплапс и хајперлапс видеата изгледаат мошне добро, а скоро сите имаме телефони кои ја нудат оваа опција. Но, хајперлапс видеото на Владислав Гавриловски е многу повеќе од тоа – тој неколку години го фотографирал Скопје, а потоа макотрпно ги склопувал илјадниците фотографии. Резултатот е 2-минутно видео кое создава илузија на движење низ познатите обележја на Скопје. Како што вели самиот, ова е досега неговиот најдраг и временски најисцрпен проект, а урбаната средина на Скопје му служи како платно за оваа неверојатна техника. Сиот труд дефинитивно се исплатил и видеото ќе ве остави без зборови.

The HWD Facebook commenting plugin is not published