Колку денови можеме да издржиме без спиење?
И самите имате забележано дека кога не сте наспани, не можете да функционирате како што треба. Чувствувате екстремен замор, не можете да размислувате, а дури и наједноставните задачи можат да ви изгледаат невозможни. Спиењето е неопходно за секој од нас, но колку долго можеме да издржиме без сон? Сигурно барем еднаш во животот ви се случило да не легнете цела вечер па дури и да останете будни две ноќи по ред. Ова значи дека и самите ги имате почувствувано последиците од недостатокот од сон. Но што ќе се случи ако останете будни три, четири или повеќе денови? Погледнете го видеото и дознајте.