Ја удира, ѝ ја треска вратата - скандалозно видео од ужасниот однос на Џастин кон Хејли Бибер
Иако Џастин и Хејли тврдат дека се создадени еден за друг и дека во нивниот брак владее хармонија, по сè изгледа ова е далеку од реалноста. Младиот пејач е веќе познат по недоличното однесување, но фановите беа убедени дека го надраснал тој период. Сепак, многу видеа го докажуваат спротивното. На видео објавено на YouTube пред околу една година се гледа дека Џастин ја третира Хејли многу лошо – како што излегува од автомобилот, тој силно ја затвора врата, без разлика што Хејли е внатре и се обидува да излезе. На друга снимка, пак, се гледа како ја удира по главата. Очигледно, бракот на Џастин и Хејли е многу поразличен од она што пробуваат да ѝ го „продадат“ на јавноста.