Венчиња, нападна шминка - 10 трендови кои се прославија благодарение на популарни серии
Денес модните трендови најчесто ги диктираат инфлуенсерките и познатите личности, но одвреме-навреме и понекоја телевизиска серија ја имаа ова моќ. Одличен пример за ова е хит-серијата Gossip Girl. Забавната тинејџерска драма изобилуваше со совршени модни комбинации, па не е ни чудно што многу девојки црпеа инспирација од главните ликови. Можеби најпопуларниот тренд што го засакавме поради оваа серија се венчињата за коса. Серијата Euphoria, пак, иако е малку мрачна, може да се пофали со одлична шминка и костимографија. А, нападната шминка што ја носат женските ликови брзо се прослави помеѓу девојките ширум светот.