Тревис најпрво бил заинтересиран за Ким - чудни детали за врската на Кортни Кардашијан и нејзиното ново момче
Најнеочекуваната врска во светот на шоу-бизнисот е дефинитивно онаа на Кортни Кардашијан и тапанарот Тревис Баркер. Буквално никој не ни помислуваше дека некогаш тие ќе бидат пар, но по сè изгледа се лудо вљубени еден во друг. Сепак, неодамна се појавија гласини во врска со Тревис кои можеби нема да ѝ се допаднат на Кортни. Наводно, тапанарот најпрво бил заинтересиран за сестрата на Кортни – Ким Кардашијан. Всушност, во интервју од 2015-та, Тревис има изјавено дека кога првпат ја здогледал Ким, во периодот кога таа беше асистент на Парис Хилтон, не можел да го тргне погледот од неа…