Светски настап на диџеј Бабура Џуниор од Скопско кале



Пред две недели, на Велигден, диџеј Бабура Џуниор ги израдува неговите соседи со мала забава. Познатиот македонски диџеј пушташе музика од својот балкон, а неговиот настап беше следен и во живо на социјалните мрежи. По барање на неговите слушатели, викендов тој организираше уште една виртуелна забава, овојпат од Скопско кале. На последниот настап диџејот имаше и специјален гостин – пејачката Нина Јанева. Како што вели самиот за CRNOBELO.com: „Можеби не е време ни за забави, ни за журки… Но, само со музика можеме да пребродиме сè и за момент да се оддалечиме од реалноста“. Погледнете како изгледаше неговиот светски настап од Скопско кале.

The HWD Facebook commenting plugin is not published