Џеј Ло и Алекс Родригез - славни парови кои се верија, но никогаш не стапија во брак
Штом ќе се верите со вашиот партнер, веројатно вашата врска е стабилна и сте потполно сигурни дека сакате да го поминете животот заедно. Нo, изгледа ова не важи за сите парови – неретко партнерите се разделуваат дури и откако ќе се верат. Одличен пример за ова се Џеј Ло и Алекс Родригез. До пред само неколку недели, тие изгледаа како најсреќниот славен пар, а беа верени околу една година. Иако планираа да прават свадба, поради пандемијата мораа да ја одложат, па фановите очекуваа дека ќе се венчаат кога ќе се смири целата ситуација. Но, на огромно изненадување на сите, Џеј Ло и Алекс ја раскинаа свршувачката. Погледнете кои други славни парови се верија, но никогаш не стапија во брак.