Погледнете го официјалниот трејлер за 9-тото продолжение на Fast and Furious
Fast and Furious е еден од најдолгите филмски серијали и секојпат кога ќе помислиме дека сме го изгледале последниот филм, Холивуд најавува уште еден дел. Па така, годинава ќе имаме можност да го погледнеме дури деветтото продолжение на серијалот, чија премиера е закажана за 25-ти јуни. Покрај незаменливите Мишел Родригез и Вин Дизел, во новиот дел ќе се појават и оскаровките Хелен Милер и Шарлиз Терон. А, додека ја чекате премиерата, погледнете го првиот официјален трејлер.