Погледнете го трејлерот за новиот трилер со Анџелина Џоли - „Those Who Wish Me Dead“
„Those Who Wish Me Dead“ e најновиот филмски проект на Анџелина Џоли, а деновиве беше објавен и првиот трејлер. Филмот е направен според книга, а една од главните улоги ѝ припаѓа на Џоли. Станува збор за трилер, кој ја раскажува приказната на 12-годишно момче кое сведочело на убиството на неговиот татко. Сега, луѓето кои го извршиле злосторството се обидуваат да го фатат малото момче и да го замолчат, но тоа добива неочекувана помош од еден воен ветеран – Хана (Анџелина Џоли). Премиерата на филмот е закажана за мај годинава.