Што ако луѓето се раѓаа без ниту едно влакно на телото и главата?
Кога ќе дојде ред за отстранување на несаканите влакна од телото, веројатно се прашувате зошто воопшто ги имаме. Можеби косата и веѓите прават да изгледаме и да се чувствуваме подобро, но повеќето луѓе ќе се согласат дека нема никаква полза од другите влакна на телото и само ни создаваат обврски, како бричење, депилација и што уште не. Но, се чини дека поголемиот дел од влакната на нашето тело имаат важна функција. Веѓите, на пример, ги штитат нашите очи од пот. Односно, кога ќе се испотите на челото, ако немате веѓи, целата пот ќе заврши во вашите очи…