Слаткото изненадување кое Џон Манганиело ѝ го приредил на Софија Вергара за 5-тата годишнина
Неодамна Џон Манганиело и Софија Вергара ја прославија нивната 5-та годишнина, а актерот откри како ја изненадил својата сакана. Тој гостуваше во шоуто на Елен Деџенерис и изјави дека на денот на годишнината, Софија била во друг град бидејќи снимала филм. Но, Џон не сакал да биде сам за нивната годишнина, па се качил во авион и отишол кај Софија. Бидејќи имал работни обврски, морал веднаш да се врати назад, но кога се вратила и Софија, тие поминале дури 5 дена во прославување…