Како да се ослободите од болката во рамената и вратот предизвикана од стрес?
Факт е дека стресот веќе ни стана секојдневие. Проблемите на работа, проблемите во домот, па дури и пандемијата се само дел од причините за појава на стрес и денес речиси и да не постои личност која не го почувствувала. Но, стресот предизвикува цела низа проблеми, вклучувајќи и болки во телото. Една од најчестите болки предизвикани од стрес е онаа во вратот и рамената, а досега сигурно сте ја почувствувале неколкупати. Наједноставното нешто што можете да го направите во овој случај се вежби за истегнувате на вратот. Исто така, од помош ќе ви бидат и масажата и медитацијата.