„Moltobene“ – соло трака на Леонард Благоевиќ – Леопард за кумановската култура помеѓу младите



Денес излезе соло трака на траперот Леонард Благојевиќ – Леопард од Куманово, кој неодамна се појави на домашната музичка сцена. Цртањето на графити се дел од неговиот живот, а преку пишување на текстови сака да ги ослободи прашањата кои го засегаат него и неговата генерација. Од неодамна, Леонард секојдневно се наоѓа во студио, работејќи на нов материјал.

„Ова е мојата првата соло трака. Преку неа сакам да се претставам себеси, мојата екипа за цртање на графити, како и кумановската култура и сленг кој моментално се користи помеѓу младите. Создадов аудиозапис за тој сленг да биде запаметен“, споделува Леонард.

Концептуалниот спот е направен во ретро стил од 2000-ти години, искомбиниран со надреализам. Песната е обид да се обнови кумановската рап сцена, кој во последните години скоро и да не постои.

Микс и мастер на песната е на Марко Јаневски – Пикац, а режија и монтажа е на Матеј Костовски.

The HWD Facebook commenting plugin is not published