Играње „Монопол“ и уште 9 секојдневни работи што членовите на кралското семејство не смеат да ги прават
Членовите на британското кралско семејство мораат да следат бројни правила, а повеќето се со причина. На пример, тие не смеат сами да ја отвораат вратата од автомобилот, туку тоа треба да го направи нивниот телохранител, а причината е нивната безбедност. Но, членовите на кралското семејство мора да следат и некои бизарни правила – на пример, не смеат да играат „Монопол“. Наводно, после жестока партија „Монопол“, во палатата настанал сериозен конфликт, па кралицата решила целосно да ја забрани оваа игра за сите во палатата.