Кавадарчаните од 4UBand и Слободанка Танева со одлична преработка на „Kada me dotakne“ oд Parni Valjak



4UBand е бенд од Кавадарци кој неодамна го објави најновиот кавер, овојпат во соработка со Слободанка Танева. Талентираните кавадарчани направија преработка на познатата „Kada me dotakne“ од Parni Valjak, а и самите ќе заклучите дека завршиле одлична работа. Од бендот велат дека оваа им е една од омилените пени, а договорот за соработката со Слободанка се случил сосема случајно. Бендот, кој постои веќе три години и има една авторска песна, го сочинуваат Борис Грков – гитара, Борис Илов – гитара и вокал, Оливер Миленковски – тапани, како и Орце Павлов – придружба на бас гитара.

The HWD Facebook commenting plugin is not published