Бездомништво, бурна врска со Мерилин Менсон - тажниот живот на Роуз Мекгован
Роуз Мекгован стана светски позната откако доби една од главните улоги во хит-серијата „Волшебнички“ и иако можеби постигна некаков успех, нејзиниот приватен живот е далеку од совршен. Во интервју во 2011-та Роуз откри дека нејзините родители биле членови на религиозен култ, па таа била присилена да ги следи нивните бизарни правила. За среќа, Роуз и нејзините родители успеале да го напуштат култот кога таа имала 9 години, откако нејзиниот татко сфатил дека нивните верувања се изопачени…