13-годишна гимнастичарка со една нога со неверојатен перформанс на Italia's Got Talent



Џорџа Греко е 13-годишна гимнастичарка, но нејзината возраст не е единственото нешто што ќе ве зачуди. Ова талентирано девојче има само една нога, но тоа не ѝ претставува никаков проблем. Џорџа ја изгубила ногата на 7-годишна возраст, откако ѝ ја ампутирале поради тумор. Сепак, таа не се откажала од својот сон и решила да ѝ се посвети на гимнастиката. Светот дозна за неа откако се појави на аудиција на Italia’s Got Talent, а кога ќе го погледнете нејзиниот перформанс, ќе ви стане јасно зошто судиите го притиснаа златното копче и ѝ овозможија директен влез во полуфинале.

The HWD Facebook commenting plugin is not published