Поминал еден ден на рехабилитација - забавни факти за принцот Хари што сигурно не ги знаевте
Поради ексклузивното интервју со Опра, принцот Хари и Меган Маркл се во центарот на вниманието изминативе неколку денови. Всушност, младиот пар привлекува многу внимание уште кога официјално споделија дека се заедно, но и покрај ова, постојат многу работи за принцот кои сигурно не сте ги слушнале. За Хари е добро познат факт дека бил проблематичен тинејџер. Тој период, британските медиуми почнаа да пишуваат дека тој користи марихуана, а на Чарлс, неговиот татко, воопшто не му се допаднало тоа, па го испратил на рехабилитација. Но, Хари поминал таму само еден ден…