Како да се храните здраво дури и кога јадете во ресторан?



Кога внимавате на исхраната, без разлика дали за да ослабите или бидејќи сакате да водите сметка за здравјето, најлесно е сами да си ги правите оброците. Сепак, одвреме-навреме ќе треба да јадете и во ресторан, но ова не значи дека тогаш треба да ги прекршите здравите навики. Постојат неколку трикови и совети што ќе ви помогнат да се храните здраво, дури и кога сте во ресторан. На пример, пред да одите во ресторан, изедете некоја здрава ужина, како бадеми, овошје и слично. Во ресторанот, пак, испијте чаша вода пред да почнете со јадење, а пијте вода и дури јадете. На овој начин, дури и ако порачате калоричен оброк, водата ќе ве засити и нема да изедете многу.

The HWD Facebook commenting plugin is not published