5 бизарни TikTok предизвици поради кои корисниците завршија во болница
На TikTok се споделуваат секакви предизвици, и повеќето се навистина забавни. За жал, постојат и многу бизарни, па дури и опасни предизвици, поради кои луѓето што ги пробале завршиле во болница. Еден понов ваков предизвик е ставање индустриско лепило на косата. Ова лепило е наменето за материјали како метал, па сигурно не би ни помислиле да го ставите во вашата коса. Но, многу TikTok корисници го направија тоа, а потоа не можеа самите да го отстранат лепилото и на крај завршија во болница.