„Треба да се смееш повеќе“ и уште 9 работи што не треба да ѝ ги кажете на никоја жена
Можеби кога ѝ велите на некоја жена дека треба да смее повеќе сакате да ѝ кажете дека има убава насмевка, но со оваа фраза сигурно нема да ја освоите. За жените, ова не е никаков комплимент. Најпрво, не знаете која е причината што жената или девојката не смее. Не знаете што ѝ се случило и не знаете за што размислува, па со оваа фраза можете само да ја налутите или дополнително да ѝ го влошите расположението.