Проблеми со спиење, намалена мускулна маса - како навистина изгледа животот во вселената?
Не залудно астронаутите се подготвуваат со месеци пред да отидат на Меѓународната вселенска станица. Човечкото тело не е адаптирано за живот во микрогравитација, а астронаутите кои престојуваат подолго во вселената чувствуваат многу негативни последици. Кога се во Станицата, астронаутите воопшто не ги користат нивните нозе, а ова резултира со намалена мускулна маса. Истовремено, поради недостатокот од гравитација, можат да се променат пропорциите на нивното тело, а спиењето претставува вистински предизвик. Погледнете го видеото и дознајте како навистина изгледа животот во вселената.