Што е всушност разликата помеѓу овошјето и зеленчукот?
Сите можеме да препознаеме дали нешто е овошје или зеленчук, но знаете ли што точно е разликата помеѓу двете? За нас, најочигледна е разликата во вкусот – обично овошјето има сладок вкус. Но во ботаниката, овошјата и зеленчуците се класифицираат според други карактеристики. Според науката, овошјето е плод кој настанал од цветот на некое растение и најчесто во средината има семка или семки. Од друга страна, кога станува збор за зеленчук, може да се јаде речиси целото растение, како кромид, марула, морков…