Правете паузи почесто и уште 9 трикови што ќе ви го олеснат учењето
Можеби мислите дека учењето неколку часа без престан ќе ви помогне побрзо да го совладате материјалот, но ова е многу погрешен пристап. После 40-тина минути учење, вашиот фокус се намалува, па ќе ви треба повеќе време да ги совладате и поедноставните работи. Затоа, секојпат кога учите, најдобро е да правите кратка пауза, од 5 до 10 минути, на секој половна час или 40 минути. Оваа кратка пауза е сосема доволно за да го одморите мозокот пред да продолжите со учење. Покрај овој, во видеото можете да погледнете уште 9 одлични трикови и совети што сигурно ќе ви го направат учењето полесно.