Кое е значењето на најпрепознатливите модни комбинации на жените од кралското семејство?



Без разлика дали присуствуваат на официјален настан или позираат за кралски портрет, членовите на кралското семејство секогаш пристојна, но и облека која привлекува внимание. Неретко, пак, нивните модни комбинации кријат важни пораки и симболи, особен оние што оставиле најголем впечаток кај јавноста. На пример, венчаницата на кралицата Елизабета Втора морала да изгледа раскошно, но и да го претстави кралското семејство во добро светло. Бидејќи во периодот на нејзината венчавка светот закрепнуваше од Втората светска војна, кралицата не сакала да се расфрла со пари во таков тежок период. Истовремено, сакајќи да ѝ покаже на јавноста дека ги очекуваат подобри денови, таа побарала да ѝ ја украсат венчаницата со цветови кои се како симбол за надеж.

The HWD Facebook commenting plugin is not published