Ким Кардашијан, Зои Кравиц - славни кои зажалиле за бракот кратко по венчавката
Неретко славните сфаќаат дека се со погрешна личност дури откако ќе се венчаат, па доста често слушаме за разводи само неколку месеци после свадбата. Одличен понов пример за ова е ќерката на познатиот пејач Лени Кравиц – Зои Кравиц. На крајот од декември минатата година, младата актерка поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг со кого се венча во јуни 2019-та. Уште не е позната точната причина за оваа одлука, но после 18 месеци брак, Зои веројатно сфатила дека направила грешка. Погледнете го видеото и дознајте кои други славни зажалиле за нивниот брак кратко по венчавката.