Кучиња роботи и уште 9 работи што ги предвиде серијата Black Mirror
Речиси и да нема личност која не се чувствува непријатно кога гледа некоја епизода од серијата Black Mirror, а уште поморничаво е што некои работи не се далеку од реалноста. Серијата има за цел да ја претстави мрачната страна на технологијата што ја користиме секојдневно, а креаторите дефинитивно завршиле одлична работа со тоа. Се сеќавате ли на епизодата кога светот беше уништен, а луѓето се обидуваа да се скријат од кучињата роботи кои убива без двоумење? Денес навистина постојат роботи кои изгледаат речиси идентично како оние во серијата, но, за среќа, направени се за потполно друга цел.