Конкуренција на Tesla - Apple работи на својот прв електричен автомобил
Со години постојат гласини дека Apple работи на свој електричен автомобил, а на крајот на 2020-та, гласините беа потврдени. Наводно, компанијата планира да го пушти автомобилот во продажба околу 2024-та година, а се чини дека овој модел ќе биде најголемата конкуренција на Tesla. На темата се има огласено и Илон Маск, сопственикот на Tesla, кој тврди дека автомобилот на Apple ќе биде неуспешен проект, но изгледа останува да видиме што ќе се случи. Засега нема точнa информации за цената на Apple автомобилот, но експертите предвидуваат дека ќе чини околу 75.000 долари…