За 20-тата годишнина на албумот J.Lo, Џенифер Лопез објави видео инспирирано од спотот на Love Don't Cost a Thing
Пред 20 години, Џенифер Лопез го издаде албумот J. Lo и еден од нејзините најпрепознатливи хитови – Love Don’t Cost a Thing. За да ја обележи годишнината, пејачката објави видео инспирирано од спотот за песната. Во видеото, Џеј Ло оди по плажа, ги вади очилата и го соблекува палтото, а камерата го следи нејзиното движење. Во описот на видеото пејачката им се заблагодарува на фановите, кои цели 20 години ја сакале и ја поддржувале во сите добри, но и лоши моменти.