Во чест на Тоше Проески - Никола Зацески направи преработка на „За овој свет“
И оваа година традиционално, но со почитување на мерките, беше одржан хуманитарниот концерт „A Child’s Smile – Детска насмевка“, во чест на нашата најголема музичка ѕвезда – Тоше Проески. Покрај хуманитарниот концерт, македонскиот пејач Никола Зацески направи и преработка на „За овој свет“ – еден од хитовите на Тоше.
„Со идеја целиот настан да добие што поголемо значење, со огромна чест и задоволство ја снимив преработката на ’За овој свет‘. Тоа е најмалку што можам за да ја искажам мојата огромна почит за човекот кој несебично покажа како се пее, помага, сака, почитува и, најважно, како да се биде човек. Среќен роденден ангелу наш, твоите песни и дела никогаш нема да дозволиме да згаснат“, изјави Никола.