Кои се и како изгледаат најлуксузните скијачки центри во светот?
Скијањето е еден од најпопуларните зимски спортови, а во многу држави има и по неколку скијачки центри. Но кои се и како изгледаат најскапите и најлуксузните центри за скијање? Во оваа категорија спаѓа ски-центарот Куршевел во Франција. Ова место е совршено за љубителите на добра храна – овде ќе најдете дури 7 ресторани кои имаат Мишелин ѕвезди, од чија храна сигурно нема да бидете разочарани. Покрај рестораните и, нормално, скијањето, овде можете да уживате во ноќните клубови и удобните колиби во кои едно преноќување чини и по 900 долари.