Модната еволуција на Џеј Ло - една од најдобро облечените славни личности
Џеј Ло е ѕвезда повеќе од две децении, но покрај талентот за музика и глума, пејачката секогаш привлекува внимание и со нејзината облека. Комбинациите што ги носи Џеј Ло со години се инспирација за многу девојки и жени ширум светот, па не е ни чудно што пејачката одамна важи за модна икона. Големите обетки, облеката со животински принт и храбрите комбинации што не се осмелува да ги носи секој се само дел од препознатливиот стил на Џеј Ло. Во ова видео можете да погледнете како се менуваше нејзиниот стил со текот на времето.