Тејлор Свифт, Селена Гомез - славни кои имаат само лоши зборови за Хејли Бибер
Хејли Бибер одамна е ѕвезда, но бракот со Џастин Бибер ја направи уште попопуларна. Сепак, и покрај бројните фанови, многу славни личности имаат само лоши зборови за неа. Сигурно можете да претпоставите дека една од нив е Селена Гомез. Џастин и Селена беа пар неколку години, а постојат гласини дека пејачот почнал афера со Хејли додека уште бил во врска со пејачката. Првите конфликти помеѓу Хејли и Селена се појавија откако пејачката ја издаде песната Lose You To Love Me, за која е повеќе од очигледно дека е напишана за Џастин…