Нова песна со мистичен звук на Лилит - македонска група, составена од врвни музичари
Името „Лилит“ крие група на врвни музичари, секој виртуоз на својот инструмент, кои во јавноста го пласираа своето второ дело „Миризлива градина“. Нивниот стил е симбиоза на различни музички правци, од џез и блуз, па сè до амбиентална атмосфера. Дополнителна драматика, мистичност и специфичен шарм се постигнати со извонредниот вокал на Емилија Колоска.