Кејт Винслет во Titanic - актери и актерки кои ги мразат нивните најпознати љубовни сцени
Воопшто не е лесно да треба да ја соблечете облеката и да глумите дека уживате во бакнежите, додека околу вас има неколку камери и цела филмска екипа. Па, не е ни чудно што повеќето актери ги мразат нивните љубовни сцени, дури и оние најпознатите. Сите ја знаеме сцената во Titanic каде што Џек ја црта Роуз, додека таа е потполно гола. Ова е една од најпознатите сцени во историјата на кинематографијата, но Кејт Винслет, која ја играше Роуз, има изјавено дека некогаш ѝ е криво што воопшто ја снимила.