Мајкл Бубле ја удри Луисана Лопилато - Најчудните работи што ги направија славните за време на „лајв стрим“
Славните редовно ги користат опциите за „лајв стрим“ на социјалните мрежи, а доста често се случува да кажат или да направат нешто непромислено. Во 2020-та, кога почна да се влошува ситуацијата со пандемијата, Џастин и Хејли Бибер направија „лајв стрим“ со Кендал Џенер. Ова беше во период кога целиот свет се затвори, а Џастин изјави дека е многу среќен што може да го помине карантинот во неговата огромна куќа. Фановите реагираа бурно на ова изјава, нагласувајќи дека не секој го има тој луксуз и ова е нешто за кое пејачот не би требало да се фали во живо.