8 работи за кои не вреди да го трошите вашето време
Дали секојпат кога сакате да направите нешто чекате да бидете инспирирани или мотивирани? Ако одговорот е „Да“, не сте единствени, но важно е да знаете дека со ова не си правите никаква услуга. Не треба да чекате момент на инспирација за да почнете да ги реализирате вашите цели, бидејќи овој момент можеби и никогаш нема да се појави. Затоа, не вреди да го трошите времето на ова и, наместо тоа, подобро е веднаш да се фатите за работа. Дали постојано се самосожалувате и се фокусирате на негативните страни во вашиот живот? Ова е уште едно нешто кое не ви е од никаква корист, па не вреди да трошите време на тоа.