Најлудиот светски рекорд - жена врти хулахоп со нејзиниот задник
Во Гинисовата книга на рекорди има многу луди, некогаш и бизарни рекорди, а подвигот на оваа жена дефинитивно спаѓа таму. Андреа од Лондон може да врти хулахоп со нејзиниот задник, а во октомври минатата година го сруши рекордот за најмногу вртења во три минути – дури 400. Видеото од нејзиниот подвиг, кое деновиве стана вирално, е објавено на официјалниот YouTube канал на Гинисовата книга на рекорди, и тоа пред околу еден месец. Дали и вие можете да се пофалите со некој ваков необичен талент?