Највпечатливите модни комбинации на Били Ајлиш



Иако Били Ајлиш е активна на музичката сцена само неколку години, нема личност која не би ја препознала само по нејзината облека. Уште на почетокот на кариерата младата пејачка се обидува да испрати моќна порака со облеката што ја носи – таа сака јавноста да се фокусира на нејзиниот талент, а не на нејзиното тело. Поради ова, Били секојпат носи широка облека, но очигледно е дека вложува многу труд во секоја комбинација. Иако стилот на пејачката не е за сечиј вкус, и таа има модни моменти што ќе им се допаднат на скоро сите. Во ова видео, пак, можете да ги погледнете нејзините највпечатливи модни комбинации.

The HWD Facebook commenting plugin is not published