Најбрзите мускули се наоѓаат околу очите - забавни факти за човечкото тело



Човечкото тело крие многу тајни кои научниците се обидуваат да ги откријат со векови. Денес знаеме многу за нашето тело, но уште постојат работи што не им се јасни ни на најголемите експерти. Сепак, и со она знаење што го имаме, веќе е јасно дека човечкото тело е навистина уникатна машина. На пример, знаевте ли дека можеме да разликуваме милијарди различни мириси? Истовремено, нашиот мозок многу подобро помни ароми и мириси отколку звуци или слики. Сигурно и самите сте го забележале ова – кога ќе помирисате позната арома, таа навистина може да ве врати во минатото.

The HWD Facebook commenting plugin is not published