Зависности, бројни ментални проблеми - трагичниот живот на Мерилин Монро
Речиси 60 години по нејзината смрт, Мерилин Монро уште е најпрепознатливата холивудска ѕвезда за која се зборува и денес. Иако скоро секоја жена и девојка сонувала да биде како неа, краткиот живот на Мерилин бил далеку од совршен. Мерилин, родена како Норма Џин, никогаш не дознала кој е нејзиниот татко. Според нејзините недовршени мемоари, мајка ѝ имала фотографија од некој маж, но никогаш не ѝ кажувала кое е неговото име. Бидејќи мајката на Мерилин имала психички проблеми, само две недели откако се родила, актерката била посвоена од друго семејство.