Што носи Ешли Греам во текот на неделата - плус-сајз моделот ги открива омилените комбинации
Ешли Греам е најпознатиот плус-сајз модел во светот, а веќе ја нарекуваат и модна икона, па сигурно ќе ве интересира кои се нејзините омилени модни комбинации. Во соработка со Vоgue, Ешли направила видео во кое открива која облека ја носи во текот на неделата. Најпрво, плус-сајз моделот ја покажува облеката што најмногу ѝ одговара додека е во домот – џемпер и градник кои се откопчуваат лесно бидејќи дои, удобни црни панталони и патики.