Работела како келнерка, им помагала на медицинските лица во пандемијата - интересни факти за принцезата Софија од Шведска
Принцезата Софија од Шведска е поразлична од другите членови на кралските семејства. Пред да се венча со принцот Карл Филип и да ја добие кралската титула, Софија завршила факултет, патувала низ светот, напорно работела за да се издржува и се обидувала да помогне на што е можно повеќе луѓе. Но дури и кога стана дел од кралското семејство, нејзините навики не се промениле многу. На пример, годинава Софија активно се вклучи во борбата против корона вирусот – во април била на обука каде што ги научила најважните нешта за прва помош и неколку месеци работеше како медицинска сестра.