Како функционира новата вакцина против ковид-19?
Англија е првата држава која ја одобри вакцината против новиот корона вирус на Pfizer, и веќе почнаа со вакцинирање на тамошните жители. Ако, пак, сте заинтересирани како функционира оваа вакцина, јутуберите од познатиот канал AsapSCIENCE направиле одлично видео во кое го објаснуваат токму тоа. Во ова видео можете да дознаете со која технологија е направена таканаречената mRNA вакцина против ковид-19, но и како делува откако ќе ја примите.