19-месечно бебе без проблем искачува вештачка карпа од 2 метри
Додека повеќето од нас се заморуваме ако треба пеш да се качиме до третиот кат, ова 19-месечно бебе без проблем искачува вештачка карпа висока 2 метри. Малата Ели од Аризона, САД, која нема ни две години, ја качува карпата како вистински професионалец, а уште поневеројатно е што не носи никаква заштита.