Кој ќе го замени Џони Деп и што знаеме за новото продолжение на Pirates of the Caribbean?



Пред дури 17 години излезе првиот филм од франшизата Pirates of the Caribbean, а оттогаш се снимени уште четири продолженија. Иако можеби последните два филма не го повторија успехот на претходните, овој филмски серијал дефинитивно е еден од најпопуларните. Сега знаеме дека Disney веќе работи на шестото продолжение и, за жал, овојпат нема да го видиме Џони Деп во улогата на капетан Џек Спероу. Всушност, според информациите, најверојатно нема да видиме ниту еден од ликовите од претходните филмови. Актерската екипа е составена од сосем други актери, а се верува дека во новото продолжение ќе се појави и Марго Роби.

The HWD Facebook commenting plugin is not published