Позитива на денот - три дечиња се обидуваат да направат вечера за нивната мајка



Неодамна од Buzzfeed споделија навистина слатко видео – на три деца им дале 100 долари и им рекле да купат намирници и да направат вечера за нивната мајка. Дечињата имале еден час да го подготват оброкот. Еден од најслатките моменти во видеото е кога ги прашуваат дали сметаат дека ќе успеат да направат вечера. Додека двете постари дечиња велат дека сигурно ќе завршат добра работа, најмалото, кое има четири години, уште веднаш си признава дека нема да направи ништо. Ако денес ви треба нешто што ќе ви го подобри расположението, тогаш треба да го погледнете видеото.

The HWD Facebook commenting plugin is not published