Најдобрите модни комбинации од The Queen's Gambit
The Queen’s Gambit брзо ги освои гледачите ширум светот, и тоа не само поради интересната приказна. Очигледно, во серијата се обрнало внимание на секој детаљ, а особено на облеката на ликовите. Знаевте ли дека скоро сите комбинации што ги носи главниот лик се инспирирани од шахот? Во серијата речиси и да нема лошо облечен лик, а во ова видео можете да погледнете некои од најдобрите модни комбинации.