Лустер од 90.000 долари, рачен часовник од 200.000 долари - најскапите работи што можете да си ги купите од Amazon
Amazon е една од најпопуларните онлајн продавници ширум светот, па не е ни чудно што нејзиниот сопственик, Џеф Безос, е најбогатиот човек на планетата. А, во оваа онлајн продавница можете да најдете речиси сè, и тоа по секоја цена. Овде лесно ќе најдете евтини секојдневни предмети, облека, накит и што било друго, но можете да си купите и екстремно скапи работи. На пример, од сајтот можете да си порачате лустер со кристали од брендот Tiffany & Co. кој чини дури 90.000 долари. Ако, пак, сакате луксузен рачен часовник, можете да си го порачате најскапиот, кој чини речиси 200.000 долари.